„Со Дизни низ светот” - концерт на Македонската филхармонија

Македонската филхармонија во сабота (23 февруари) со почеток во 19 часот ќе го изведе концертот за деца и за возрасни – “Со Дизни низ светот”.

Под диригентската палка на Тимоти Редмонд од Велика Британија, публиката ќе има можност да ужива во музиката од цртаните филмови продуцирани од компанијата “Дизни”, меѓу кои и од “Кралот лав”, “Мулан”, “Фроузен”, “Покахонтас”,”Малата сирена”, “Убавицата и ѕверот”…