Со дела на Моцарт Филхармонија ја отвора новата сезона на 6 октомври

Новата сезона на Филхармонија започнува на 6 октомври, со 4 дела на Моцарт. 

Новата сезона концетри ќе биде насловена „Дамар на слободата“.

Концертот „Зорнина“ е закажан за 6 октомври, кога за првпат во една вечер ќе се изведат три клавирски концерти од Моцарт, со кои ќе диригира Исланѓанецот Гудни Емилсон, а како солисти ќе гостуваат пијанистите Алексеј Володин (Русија/Шпанија) и Едит Пења (Венецуела/Шпанија).

„Секоја концертна сезона има ново име, оваа ја насловивме ‘Дамар на слободата‘. Насловот произлезе од слободата што ја донесе своевидното излегување од пандемијата, но и од слободата во музиката, изразот, живеењето“, кажа директорката на Филхармонијата, Тина Иванова.

Меѓу настаните од новата сезона што ги најави Филхармонијата е и „Омаж за маестро Александар Џамбазов“.