Со четири електрични коли ПОЦ ќе става блокатори за непрописно паркирање

Со четири електрични коли ЈП „Паркинзи Општина Центар“ ќе патролира низ општината и ќе става блокатори на непрописно паркирани возила. Казнувањето ќе стартува од 10 април на паркинзите за резиденти, а сега контролорите ставаат само опомени кои ги лепат на возилата, пренесува СДК.

„Имаме многу поплаки од граѓаните кои не можат да се паркираат на нивниот паркинг од други возила кои не се на станари. Затоа стартуваме со поставување блокатори. Казната за поставен блокатор е 1.200 денари. Доколку не си ја плати казната во рок од два часа, ќе биде повикан пајак и ќе го подигне. Прво почнуваме во Дебар Маало и Градски парк. Од 10 април буквално ќе имаме инвазија на овој дел, за да ги ослободиме паркинзите на станарите, а потоа продолжуваме во Буњаковец и Капиштец“, вели Васко Кичевски, директор на ЈП „Паркинзи Општина Центар“.

Контролорите на терен откако ќе регистрираат неправилно паркирано возило, ќе ги повикуваат колегите со блокаторите. Оваа акција претпријатието ја спроведува со цел да воведат ред во паркирањето.

air max 90 essential sale