Со цел намалување на загадувањето на воздухот - планирано е воведување на налепници за секое возило кое учествува во сообраќајот

Како започна грејната сезона воздухот секој е се повеќеќе загаден, како во главниот, така и во сите други останати радови, но во Скопје присуството на ПМ честичките се далеку поголеми, а тоа го чувствуваат сите граѓани. 

Покрај греењето, како причина за загадување на воздухот се и автомобилите и испуштањето на издувните гасови.

Со цел намалување на загадувањето на воздухот кое го причинуваат автомобилите планирано е воведување на налепници за секое возило кое учествува во сообраќајот, согласно еколошките стандарди. Налепниците ќе бидат во три бои кои ќе означуваат колку загадува автомобилот.

При технички преглед, возилата ќе се тестираат колкава количина на штетни гасови испуштаат. Потоа секое возило ќе добие налепница со соодветна боја и во услови кога загадувањето ќе биде енормно, возилата кои најмногу загадуваат ќе бидат исклучени од сообраќај.