Со „Бјело дугме“ ќе се слави Денот на ослободувањето на Скопје

Скопје ќе го слави Денот на ослободувањето на градот со концерт на легендарната група „Бјело дугме”. Настанот ќе се случува на 17-ти ноември на плоштадот Македонија, и планирано е заедно со основачот на групата, Горан Бреговиќ, да дојдат и поранешните пејачи на бендот – Жељко Бебек, Тифа Војиќ и Ален Исламовиќ.

Веста дека со хитовите на „Бјело дугме” ќе се празнува 13-ти Ноември веќе се прошири помеѓу јавноста и покрај тоа што од Град Скопје се уште не излегле со официјална информација.

- Сепак, долгогодишната соработничка на Бреговиќ, вокалистката Васка Јанковска, за „Фокус” ја потврди веста.Да, сигурен е концертот, истиот беше договорен кога пред извесно време Бреговиќ гостуваше во Струмица. Настанот е намерно поместен на 17-ти, поради одржување на друг концерт на 13-ти ноември. Ова е одлична можност за добра забава со безвременските хитови на „Бјело дугме” за сите генерации – вели Јанковска.