
Пред два дена на 03.03.2024 во 18.33 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.Р.(53) од с.Парналија, општина Карбинци.
Од полицијата утврдиле дека во 11.30 часот на некатегоризиран пат од с.Кучица кон с.Парналија, М.Р.(53) јавал домашно животно и притоа се разминал со неколку возила, при што едно од возилата го удрило животното и тој паднал и се здобил со повредите.
Лицето кое го управувало возилото, наместо да му помогне и да му пружи помош веднаш избегало. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што, во координација со јавен обвинител ќе биде поднесена соодветна пријава