Со автомобил се забил во ограда на наплатна рампа, скопјанец тешко повреден

На 19.12.2018 година околу 17:30 часoт на автопатот Велес – Скопје, после наплатна станица „Отовица“, Д.В.(27) од Скопје управувајќи товарно моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки удрил во ограда.

По незгодата со возило на Итна медицинска помош Д.В. е пренесен во Општа болница Велес каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот.