
Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода Р.Д. (24) од скопско село, поради сомнение дека со автомобил ја влечел својата 42-годишна мајка, информира Министерството за внатрешни работи.
Според пријавеното, околу 18:50 часот во село во општина Петровец, осомничениот преку отворен прозорец од автомобил „фиат“ со скопски регистарски ознаки ја фатил жената, по што со возилото ја влечел околу 20 метри. Потоа го напуштил местото.
Жената се здобила со телесни повреди и била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде ѝ била укажана лекарска помош.
Осомничениот бил приведен во 20:30 часот. Од МВР најавуваат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.