Со Ауди излетал од коловозот и се здобил со тешки телесни повреди

На 27.05.2023 во 21.15 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од бул.“Христијан Тодороски-Карпош“ и ул.“Натанаил Кучевишки“ патничко моторно возило “ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.В.(43) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот Ф.Е.(34) од Скопје констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.