Со 60-часовна работна недела ќе се зголеми продуктивноста на градежните работници, смета Ковачевски

Премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски на прес-конференција застана во одбрана на предлог-измените на Законот за работни односи со кои градежните работници на коридорите 8 и 10 треба да работат 60 часа неделно.

Ковачевски смета дека со овие измени ќе се зголемат продуктивноста и платите на градежните работници.

-Доколку бидат донесени овие законски измени, ќе може да се ангажираат помал број работници и да се работат повеќе часови, па поголем дел од финансиските средства ќе останат во државата. Без законски измени ќе дојдат повеќе странски работници. Сите работници ќе имаат право да дадат согласност за 60-часовна работна недела и секој час би бил платен, вели Ковачевски.