Со 412 кг. отпад по жител, Македонците се на работ од депонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во Република Северна Македонија во 2018 година изнесува 625 386 тони. Споредено со 2017 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2018 година бележи намалување од 1.6 %.

Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот регион – 166 029 тони или 26.5 % од вкупното собрано количество во Република Северна Македонија. Од вкупното количество на собран комунален отпад, 509 002 тони или 81 % се собрани од домаќинствата, а останатите 19 % од правни и физички лица (комерцијален отпад).

Според видовите отпад, најголемо количество на собран отпад е измешаниот комунален отпад – 535 604 тони или 85.6 %, а најмало количество отпад од гума – 673 тони или 0.1 % од вкупното количество собран комунален отпад.

Вкупното количество на создаден комунален отпад во Република Северна Македонија во 2018 година изнесува 854 865 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2018 година изнесува 412 кг по жител, што е за 8.6 % повеќе од истото количество во 2017 година.

Најголемото количество на собран комунален отпад (99.5 %) се исфрла на депонија.

Податоци: Државниот завод за статистика