Со 27 кабини: Ќе се гради вториот дел од скопската жичница

Наредната година ќе започне со реализација проектот за изградба на жичарница од Средно Водно до Институтот за белодробни заболувања во скопската населба Водно.

Ќе биде поделена во две фази- ќе се пробива, односно спушта жичницата до средината на Скопје, втората фаза е до болницата Козле.

-Овој проект е продолжение на веќе изградената жичарница од Милениумскиот крст до Средно Водно. Планирана е изградба на жичарница долга 1600 метри со вкупно 27 кабини од Институтот за белодробни заболувања кај деца – Козле до Средно Водно. Буџет: проценета вредност 7,4 милиони евра, овој преокт е предвиден во новата програма на ВМРО ДПМНЕ, 2017- 2020 година.

Инаку, жичарницата од Средно Водно до Милениумскиот крст беше пуштена во употреба пред речиси 4 години. Таа има 28 обични гондоли за осум лица и две ВИП- гондоли. Билетот чини 100 денари, а пензионерите во одредени денови можат да се возат бесплатно.