Снимка од големиот пожар во Лисиче (видео)

Голем пожар вчеравечер избувна во скопската населба Лисиче. Осумчлено смејство, со две мали деца, вчеравечер остана без кров над главата. Пламените јазици ја проголтаа нивната куќа лоцирана на улицата Михаил Глинка, во близина на трговскиот центар во населбата Лисиче.

На пожарот, му преходел силен звук- пукање, кој ги вознемирил жителите на населбата во општина Аеродром.

Имало и возило на Брза Помош, иако според се уште неофицијалните информации, нема повредени, бидејќи луѓето кои живееле во куќите излегле кога забележале оган.

Погледнете го видеото од Фејсбук: