Состојки:
1/2 л млеко
15 лажици шеќер
10 лажици густин
250 гр маргарин
200 гр кокос
2 кесички ванилин шеќер
100 гр кокос
Начин на подготовка:
Густинот, шеќерот и ванилиниот шеќер се мешаат да се добие смеса како за пудинг, па се загрева млекото и во него се додава смесата.
Кога ќе се олади додајте ги маргаринот и кокосот, па измешајте.
Се прават топчиња и убаво се поминуваат од сите страни во тањир со кокос.