Врнежите од снег од попладне ќе засилуваат, особено во западните и северните делови на Македонија, каде снежната покривка дополнително ќе се зголеми за 10 до 20 см, а на планините и над 20 см.

Скопје

На крајниот југоисток врнежите ќе бидат мешани од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од -2 до 3 степени.

Охрид

Во Скопје облачно со повремени врнежи од снег, кои околу пладне ќе бидат со засилен интензитет. Максималната температура ќе достигне околу -1 степен.

Попова Шапка

Најмногу снег има во Маврово 73 см, на Попова Шапка 40 и во Крушево 39 см.

Крушево

Од УХМР најавуваат дека од петок до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините.