Снеже Велков: Пребрзо не снемува, се ретчиме, затоа гушни, сакај, прости, јави се!

„Пребрзо нѐ снемува, се ретчиме пречесто...Пречести се црнобелите фотографии и зборовите слава му. Пребројни се сочувствата а преболни желбите: Барем само уште еднаш!... Ова го напиша на својот Инстаграм профил водителката Снеже Велков, поставувајќи од себе црно-бела фотографии. 

Описот на нејзината фотографија е поврзан со пандемијата и со многуте изгубени животи периодов, со порака повеќе да го цениме она што го имаме, да се сакаме, бидејќи еден ден ќе биде доцна... 

„Пребрзо нѐ снемува, се ретчиме пречесто...

Пречести се црнобелите фотографии и зборовите слава му. Пребројни се сочувствата а преболни желбите: Барем само уште еднаш!...

Затоа:
Не попосле!
Не покасно!
Не утре,
Не за кратко,
Не по еден час
СЕГА ВЕДНАШ!

Покажи, јави се, докажи, проголтај, прозбори, ислушај, помоли, прости..

Гушни, кажи, пофали, напиши, спомни, речи!

И ако е близок, и ако е подалечен, и ако е познаник!

Кажи да те чуе, да те види, да те гушне, да пушти солза, да се насмее на цел глас, да ти каже едно фала или „Ај не зае*авај!“

ДОДЕКА МОЖЕ, ДОДЕКА Е ТУКА!

Оти сите нешта после речени, сите пофалби за на небо искажани и сите прегратки во вечност испратени - немаат ни приближно иста вредност.

Еден ден сите зборови ќе бидат убаво напишани, сите стихови ќе расплачат срце, секоја реченица ќе пара душа. Но ништо од ова нема да има смисла.

Затоа што ТОЈ што треба да слушне, не е тука.

Пребрзо нѐ снемува, се ретчиме пречесто!

 

 

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)