Снегот ги блокира патиштата: Забрана за движење на камиони на повеќе патни правци во Македонија!

АМСМ соопшти дека поради интензивни врнежи од снег од 12:30 часот е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец К.Паланка – граничен премин Деве Баир.

Од 13:00 часот поради интензивни врнежи од снег е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец Гостивар – Маврово.

Претходно, забрана беше воведена и на патот Тетово – П.Шапка.