Снег во Скопје

Жителите на главниот град конечно се израдуваа на првите врнежи на снег.

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и студено со повремени локални врнежи главно од снег.

Минималната температура ќе се движи од -9 до нула степени, додека максималните температури ќе се движат од -2 до седум степени.

Во Скопје и околината температурата ќе се движи од -6 до 1 степен.

Во првите два дена од работната седмица ќе се задржи облачно и студено време со повремени врнежи претежно од снег со променлив интензитет. Во среда и во четврток се очекува стабилно и суво време со пониски утрински температури.