
Променливо облачно и постудено време ќе преовладува до петок, со повремени локални врнежи од дожд и засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Денеска и во петок се очекуваат повремени локални врнежи, кои на некои од повисоките планини ќе преминуваат во снег. Северниот ветер наместа ќе биде силен, со брзина над 60 километри на час.
За време на викендот се очекува стабилизирање на временските услови, со сончево време и мала до умерена облачност.
