"Снајди се и стигни до целта" во Аеродром

Кал, вода до колена, скапани лисја и затнати сливници се секојдневна слика последниве недели низ скопските населби откако речиси секојдневно врне. Дел од граѓаните велат дека имаат големи проблеми во движењето меѓу зградите, до градинките, училиштата и останатите објекти поради огромните вирови кои немаат каде да истечат и формираат непроодни водени коридори. Еден таков пример бележиме во општина Аеродором каде со фото-докази се презентира целата сосотојба на терен. 

Општина Аеродром додека го пие утринското кафе и размислува каде и што ќе руча и каков прес за исперени мозоци ќе прави ние размислуваме како да стигнеме пешки до градинката и играме со децата "Снајди се и стигни до целта".
Петре Шилегов и Зоран Заев го знаете ли типчето З.М. во партија што прави или и вие се правите дека ништо не знаете ?

- 2020-та година
- Главен град
- Центар на 1 км“ - напишаа загрижени граѓани на Аеродром објавувајќи фотографии од состојбата во дел од општината.