Снаа ја натепала 75-годишната свекрва во скопско

28-годишна жена ја нападнала физички свекрвата во семејниот дом. Случајот е пријавен во полиција од страна на 75-годишната жена-жртва на семејно насилство.

- На 10.03.2026 во 03:40 часот во СВР Скопје, 75-годишна жена пријави дека на 09.03.2026 во домот во скопско била физички нападната од нејзината снаа Е.С.(28), информираа од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против сторителката ќе следува соодветна пријава.