Смрдеа и расфрлано ѓубре пред контејнерите— несовесни граѓани го загадуваат Ѓорче Петров

Еве како жителите на Ѓорче Петров ја објаснија сликата на која може да се забележи многу смет, но и непријатна миризба од контејнерите во оваа населба.

„Ова се контејнерите на ул. Лука Геров во нас. Даме Груев, малку пред последната автобуска станица во оваа населба.
Ситуацијата е хаотична, сметот и ѓубрето како што може да се види е присутно и на тревникот веднаш до детското игралиште на самиот тревник каде што жителите од овој дел на населбата се рекреираат со своите дечиња и своите миленици.
Контејнерите не се чистат редовно и често од страна на несовесни лица се потпалуваат и се шири неподнослива реа и миризба.
Наместо да служат како контејнери за смет и ѓубре, служат за зарази и болести.
Ѓорче освен како општина со загаден воздух, стана и општина во која депониите можат да се сретнат на секој чекор.
Крајно време е да Ве замолиме Вас драги господа што имате влијание на ова, подразбудете се и почнете да се грижите за основните човекови потреби бидејќи освен епидемија на морбили, малку време не дели и од појава на други епидемии !“, пишуваат на социјалната мрежа Ѓорче Петров.