Сместување во Грција: Најевтино на Халкидики, најскапо на Ханиоти

Магичната Грција е прв избор за голем број туристи кои сакаат чисто море и ситен песок. „Одмор во вистинска смисла на зборот“ нуди Грција велат голем број македонци. 

Сепак, секое задоволство си има своја цена. 

Во екот на сезоната само за сместување, за 10 дена, ќе треба да издвоите околу 350 евра по лице на Лефкада, Скијатос и Полихроно, а нешто поскапо е сместувањето во вила на Ханиоти каде ќе треба да платите околу 400 евра. 

На Тасос има нешто поевтино сместување, околу 300 евра за 10 ноќевања, додека пак летово Халкидики нуди нешто поевтини цени, односно може да се најде апартманско сместување за околу 150 евра. 

Љубителите на хотелско сместување за 10 ноќевање во двокроветна хотелска соба во Грција ќе треба да одвојат околу 700 евра.