Смејте се кога ви е до смеење, плачете кога ви се плаче, не постои совршено време за ништо

Кога станува збор за животот, треба да разбереме дека не постои совршено време, ниту пак совршен начин за да направиме нешто. Понекогаш мораме да преземеме некаков чекор. Да им кажеме на луѓето кои ни значат, да се грижиме за нив, да се грижиме за себе, или да кажеме збогум.

Смејте се кога ви е до смеење, плачете кога ви се плаче. Дозволено ви е да бидете тажни, доволено ви е да скокате од среќа. Не барајте дозвола од другите. Погледнете во себе и бидете искрени за тоа како се чувствувате. Луѓето постојано ќе ви држат лекции за тоа како треба да се чувствувате, за вистинското време, за вистинските луѓе и искуства,  но тоа е нивниот дел од приказната на овој свет, не ваш.

Вашиот доаѓа тогаш кога вие го чувствувате тоа.

Не се извинувајте постојано. Не се плашете од реакциите на другите луѓе. Не се плашете од себеси. Сакајте го своето тело, сакајте го и унапредувајте го својот ум. Сетете се на сите чекори кои сте ги изоделе, на сите планини на кои сте се искачиле и сите километри искуство кои ги имате. Сето тоа ви припаѓа вам.

Не сте најмудри на светот, ниту пак ја имате сета мудрост во животот, но чекорете во животот полека, на ваш начин. Одете на патувања со луѓето кои ви значат, бакнувајте ги, гушкајте ги, не се откажувајте од оние кои ги сакате, пратете ги по ѓаволите оние кои ви предизвикуваат болка.

Ова е ваш живот, живејте го!