Смеј се, затоа што животот е прекрасна работа и нуди многу причини за насмевки

Твојот живот е она што самиот ќе го направиш од него. Некогаш ќе го упропастиш, тоа е универзална вистина.
Но, добрата страна е тоа што самиот одлучуваш како ќе го упропастиш.
Девојките ќе бидат твои пријатели – на крајот на краиштата, сите се однесуваат така.
Запамети, некои доаѓаат, некои си одат.
Оние кои заедно со тебе ќе го поминат она најлошото – тие се твои најдобри пријатели.
Немој никогаш да ги пуштиш да си одат.
Сестрите исто така можат да бидат најдобрите другарки на светот.

Што се однесува до љубовниците, и тие доаѓаат и си одат.
Мразам што морам да го кажам ова – но повеќето од нив, да не речам сите, ќе ти го скршат срцето, но не смееш да се откажеш, затоа што ако се откажеш, никогаш нема да ја најдеш твојата сродна душа.
Никогаш нема да ја имаш другата половина која те прави целосна, а тоа вреди за сѐ.
Само затоа што еднаш не си успеала, не значи дека никогаш повторно нема да успееш.

Обидувај се, држи се и секогаш, ама секогаш, верувај во себе, затоа што ако ти не веруваш, кој ќе верува?

Затоа, главата горе!

И најважно од сѐ, смеј се, затоа што животот е прекрасна работа и нуди толку многу причини за насмевки!

- Мерилин Монро