Смеат ли милениците да се превезуваат во автобусите на ЈСП и на Жичницата кон Водно?

Сопствениците на миленици во Скопје со дилема дали може со своите крзнени пријателчиња да се качат во автобус на ЈСП во Скопје. 

Јавниот превоз во Скопје е „пет френдли“, но само за кучиња со мал и среден раст. 

ЈСП неодамна излезе со пoјаснување во однос на транспортерите за миленици:

- На располагање се два транспортера за превоз на домашни миленици (кучиња со мал и среден раст);

- Дозволен е и превоз на куче-придружник за лица со попреченост.

Врз основа на одлука донесена од Управниот одбор, одобрен е превоз на куче-придружник и во автобусите на ЈСП Скопје, како и на Жичницата Средно Водно, појаснуваат од јавното претпријатие.