Службата за Итна медицинска помош со низа препораки за новогодишните празници

Поради претстојните прослави на Новогодишните празници, Службата за Итна медицинска помош ги дава следните препораки:

  • Редовно земање на терапија кај хроничните болни,
  • Да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на Божиќниот пост,
  • Умерено користење на алкохолни пијалоци како би се избегнале несаканите последици-алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди,
  • Посебно се апелира до младата и малолетна популација за некористење на алкохолни пијалоци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот,
  • Воздржување од користење на разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици.