Слушнав крици што нема да ги заборавам цел живот - актерот Димоски сведочи за трагедијата во која беше прегазена млада девојка!

Актерот Жарко Димоски се огласи на социјалните мрежи по повод сообраќајната несреќа во која вчера смртно настрада 24-годишна девојка.

Тој вели дека случајно бил сведок на трагедијата и дека момче констатирало смрт кај девојката. Таа загина на самото место, а момчето е повредено и пренесено во болница. 

„Бев случаен сведок кога еден млад дечко ја констатира смртта на девојката, слушнав крици што нема да ги заборавам цел живот! Улиците ни се како минско поле, ризик е да излезеш од дома, за жалење сме!", напиша Димоски.

Во девојката, која поминувала на пешачки премин кај Сити мол, удрило возило управувано од 22-годишен возач, потврдија од МВР.

Еден маж е повреден и е однесен во болница. Во неа удрило патничко возило „ситроен", управувано од Ј.Ѓ. (22), потврдија од МВР. „Денеска „во 19.44 часот пријавено е дека на улица Московска со булевар Партизански одреди се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило 'ситроен' управувано од Ј. Ѓ. (1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ 8 Септември и В.Н. (1997) од Радовиш, која починала на самото место. Се врши првичен увид", соопшти МВР.