Случајот за ѕверски претепаното бебе сè уште во предистражна постапка

Детето, кое било ѕверски тепано, 8 недели мина на Детска хирургија, а за него во мометов се грижи службено лице – старател.

И по четири месеци нема епилог за случајот со бебето кое со скршен череп заврши на скопските клиники. Против мајката пред два месеци е поднесена кривична пријава за „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ од страна на СВР Скопје, но од Обвинителство велат дека предистражната постапка сè уште е во тек, пренесува Алфа.

-Се уште трае предистражната постапка. Се постапува по случајот. Детето е сместено  во установа, посочуваат од Обвинителство.

Дваесетгодишната мајка не е повеќе во Шелтер центарот каде што претходно беше сместена.

Пред околу четири месеци, тогаш 14 месечното бебе беше примено на скопските клиники во коматозна состојба, со тешки повреди на черепот, крварење во мозокот и скршеници на нозете. По два месеци ја напушти детска хирургија во стабилна состојба, но сè уште не се знае дали девојчето ќе има добар вид, откако лекарите констатираа дека ѝ се оштетени очните нерви.