Словенија одобри вакцинација и на помлади од 18 години

Словенија укинува мерки во училиштата, на сметка на тоа што одобри вакцинација за лица помлади од 18 години. 

Сите кои се на возраст од 12 до 18 години, можат да се вакцинираат со вакцината на Фајзер/Бионтек. 

Оваа одлука е донесена во склад со препораките на СЗО и Европската агенција за лекови. За оваа возрасна група не постои ризик од несакани реакции, односно младите меѓу 12 и 18 години реагираат на мРНК вакцини како и возрасните. 

Со воведување на вакцинација за учениците, словенечките власти препорачаа да се укине задолжителното носење маска во училиштата, односно тоа да биде лична одлука на секој ученик.