Словенечка диџејка за топ забава во „Станица 26“

Словенечката диџејка Брина Кнаус ќе ја загрее атмосферата во „Станица 26“. Домашна поддршка е диџеј Никифор. Влезот е 300 денари.

Бриана ја почна музичката кариера како пејачка во женска група „Б.Б.Т“. Музиката ја замени со моделинг во Италија, но не можејќи да се држи настрана од музиката, почна да диџејува на забавите на пријателите. До крајот до 2012 година веќе ги има првите свирки во клубовите на Милано. Таа е резидент на клубот Stardust и ги отвора журките за H.O.S.H., Соломон, Адриатик, Денис Ферер, Маја Џејн Колес, Магдалена и други.

Денес Брина настапува во Италија, Велика Британија, Ибица, Словенија,Милано, Шведска и САД.