Словенец уапсен во Охрид - Сместен е во затвор бидејќи ја тепал девојката

Млад Словенец уапсен во Охрид откако физички ја нападнал девојката. Завршил зад решетки. 

- Вчера во 06.30 часот прeд казино на ул.„Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода К.Г.(28) од Словенија, постапувајќи по претходна пријава дека, во станот во кој престојувале во Охрид, агресивно се однесувал и физички ја нападнал неговата 21-годишна девојка, соопштија од полицијата. 

Од Основен суд Охрид му била определена мерка притвор во траење од осум дена и бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Охрид за издржување на мерката.