Словачка амбасада: Повик за апликации за стипендии

Амбасадата на Република Словачка објави повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност(Slovak National Scholarship Programme of the Slovak Republic for the Support of Mobility).

Повикот се однесува на студиски престој на странски студенти, студенти на докторски студии, универзитетски професори, истражувачи и уметници на словачките високо образовни институции и истражувачки организации, за академската 2022/2023 година летен семестар.

Како што е наведено во Конкурсот, апликациите треба да бидат доставени електронски на веб-страницата: www.scholarship.sk, најдоцна до 31 октомври 2022 година до 16 часот.

Повеќе информации за услови за стипендиите се објавени на веб страниците www.stipendia.sk и www.scholarship.sk

Исто така, Амбасадата на Словачка информира дека во рамките на Словачката национална програма за мобилност утре (29 септември 2022) од 15 часот ќе  ќе се одржи вебинар „Стипендии за студирање и истражување во Словачка“ за потенцијалните кандидати од странство по повод претстојниот рок за поднесување барања за стипендии за студиски, истражувачки, уметнички и наставни престои во летниот семестар на академската 2022/2023 година.

-Вебинарот ќе содржи презентација за Словачка и информации за тоа како правилно да аплицирате, што да запомните и што да избегнувате кога аплицирате за стипендија во рамките на Националната програма за мобилност. Вебинарот ќе се одржи на англиски јазик. Главната цел на вебинарот е преку информирање на кандидатите да се минимизира бројот на апликации со формални недостатоци, а со тоа и да се подобри квалитетот на поднесените апликации - се наведува во известувањето објавено на веб-страницата на Министерството за образование и наука.

Линк за приклучување на вебинарот: https://bit.ly/3f0K1C6.