Слончето Халки им подари Бонтон за деца на 3.000 првачиња низ целата држава

Со пакетче училиштен прибор и Бонтон за деца, слончето Халки им посака топло добредојде на 3.000 првачиња кои денеска првпат седнаа во училишните клупи. Целта на оваа активност, која се спроведе во 12 општини низ целата држава, е првооделенците преку илустриран бонтон, прилагоден за нивна возраст, да ги научат основните правила за добро однесување во училиштето, кое од денеска стана нивен втор дом. Ова бонтон издание е креирано од страна на Центарот за визуелна комуникација Ефектива како дел од проектот „Среќно прваче“, кој годинава се реализира со поддршка на Халкбанк Ад Скопје. 

„Поддршката на едукацијата на децата на училишна и предучилишна возраст е високо на листата приоритети на нашата политика за општествена одговорност. Токму затоа без двоумење се вклучивме во овој проект и искрено веруваме дека илустрираниот бонтон ќе им помогне на првачињата полесно да ги научат и да ги почитуваат правилата за однесување во училиште“, вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје.

Бонтонот содржи интересни и корисни совети за тоа како треба да комуницираат со соучениците, како да се грижат за инвентарот, а со оглед на состојбата со пандемијата со КОВИД-19, посебно внимание е посветено на правилното миење рачиња и одржување хигиена додека се во училиште. Проектот „Среќно прваче“ прерасна во традиција, со оглед на тоа што се реализира четврта година по ред. Годинешното издание содржи илустрации со слончето Халки, симбол на детското штедење на Халкбанк, кое во изминатиот период стана препознатливо преку повеќе активности низ кои ги советува децата како да се грижат за животната средина, ги учи што е социјална инклузија и ги поттикнува мобилните телефони да ги заменат со боички и блокчиња.