Слободни сте да си заминете од секоја приказна која не ви одговара

Слободни сте да го напуштите градот кој го загушил вашето светло. Слободни сте да ги спакувате куферите и одново да почнете да некое друго место и слободни сте одново да ја дефинирате смислата на вашиот живот. 

Слободни сте да дадете отказ доколку не сте задоволни од работата и слободни сте да барате нешто на кое ќе му се радувате секој ден. 

Слободни сте да ги оставите оние кои лошо се однесуваат кон вас, слободни сте да се ставите себеси на прво место и слободни сте да си отидете откако сте дале сè од себе, а ништо не се променило. 

Слободни сте да ги напуштите отровните пријатели, слободни сте да се опкружите со љубов и луѓе кои ве охрабруваат и го негуваат вашето пријателство. Слободни сте да внесете енергија каква ви е потребна во животот. 

Слободни сте да си простите на себеси за сите големи и мали грешки и слободни сте да бидете љубезни кон себе, слободни сте да се гледате во огледало и да го сакате она што го гледате.

Слободни сте да се ослободите од своите очекувања.

Понекогаш заминувањето го гледаме како лоша работа и го поврзуваме со откажување, но некогаш тоа е најдобрата работа која може да ја направиме за себе. Заминувањето ви дозволува промена на насоката, нов почеток и повторно откривање на вашата душа и светот околу вас. 

Заминувањето понекогаш ве спасува од тоа да останете заглавени на погрешно место и со погрешни луѓе. 

Заминувањето отвора врата за промена, развој, можности и искупување.

Секогаш имате избор да си заминете, сè додека не го најдете местото каде припаѓате и нештата кои ве прават среќни.

Слободни сте да го напуштите она што сте биле и одново да се создадете себеси.