Слободна паркинг зона во цел Карпош

Жителите во населбата Порта Влае, во општина Карпош по долгогодишниот проблем со пракниг местата, ќе добијат дополнителен паркинг кој ќе обезбеди простор за уште околу 70 возила.

-Во овој дел од Карпош има неколку згради, но да не ги заборавиме и куќите од другата страна кои секојдневно го користиме паркингот во Порта Влае. Трговскиот центар има еден хотел, како и дуќани и кафичи кои гостите кои доаѓаат го користат паркингот, затоа на сите ни е неопходно да имаме поголем паркинг простор, а верувам дека градоначалникот ќе ни го обезбеди тоа, вели Андреа која живее во зградите во трговскиот Порта Вале.

Надлежните од општината велат дека овој проблем на граѓаните наскоро ќе биде решен.

-Дополнителен паркинг ќе добијат граѓаните во населбата Порта Влае. Во овој дел ќе се обезбеди простор за околу 70 до 80 возила. Од друга страна ѓраѓаните кои имаат проблем со паркирањето кај Млечен ресторан, кој живеат во овој дел на Карпош ќе разговараме, ќе ги земеме во предвид нивните идеи, да ги најдеме сензитивните точки и да најдеме заедничи модел за решавање на овој проблем, објаснија надлежните од од општина Карпош.

Дел од жителите на Карпош кои живеат кај Млечен ресторан се жалат за немањето паркинг места во оваа околина.

-Секогаш е полн паркингот кај Млечен. Немаме простор каде да ги оставме своте возила, па понекогаш автомобилот го оставам пред соседната зграда, бидејќи немаме место ние жителите што живееме кај Млечен да ги оставиме автомобилте пред својот дом, се пожали еден од граѓаните на Карпош, кој живее во близина на Млечниот ресторан.

Според надлежните од општина Карпош, градоначалникот и понатаму е со истиот став, во Општина Карпош нема да има зонско паркирање за граѓаните.

cheap nike air max 90