Слободата е прашање на избор

Слободата е во главата. Онаа слобода која никој не може ниту да ти ја даде, ниту да ти ја одземе. Онаа слобода која самиот одлучуваш да ја создадеш. Слободата да живееш во склад со своите сопствени животни вредности. И да не се оправдуваш никому заради тоа. Да се осмелиш да го изградиш животот по своја мерка. И да го одбиеш тоа стресно трчање по она или ова...

Слобода да си дозволиш да уживаш тука и сега. Да, баш сега. Да го освестиш животот кој го има секој здив кој го вдишуваш и испушташ. Да дозволиш на неизмерната благодарност да потече низ твоите вени. Затоа што толку си богат со самото твое постоење, а ти можеби и поим немаш.

Дозволи си ја слободата да живееш во сегашноста, во тоа да си дозволиш мали, но и големи радости. Свесно да избереш на што ќе мислиш и на што ќе се фокусираш. Затоа што ништо не е црно или бело. Во сè има нешто помеѓу и секогаш можеш да пронајдеш квалитетен начин на кој  ќе гледаш на работите. Начин кој ќе направи подобро да се чувствуваш... Затоа слободно одбери да живееш живот по свои правила. Затоа што никој друг нема да го направи тоа наместо тебе и нема да ти даде дозвола да промениш нешто. И можеби не можеш сè да промениш наеднаш. Но, чекор по чекор можеш да го менуваш правецот на движење. И ситница по ситница ќе направиш голема разлика. Во тоа како се чувствуваш, а тоа е најважно. 

Знам дека сега тоа ти делува невозможно и мислиш дека ќе повредиш многу луѓе ако одлучиш да мислиш на себе. Но, тоа е заблуда. Затоа што оние кои искрено те сакаат, неизмерно ќе уживаат да ја гледаат твојата среќа. А останатите се само сидро кое те влече надолу. И кога ќе се извлечеш, ќе најдат некој друг за да го влечат. Оние кои те сакаат ќе чекорат покрај тебе. Можеби не физички, но барем со душата. А дури и ако чекориш сам, најважно е да се имаш себеси покрај себе, затоа што тогаш никогаш не си навистина сам.

Твојата душа се радува и те поддржува во секој чекор. И целиот Универзум ќе се помести за да ти отвори пат и да ги помести бариерите. Па точно ќе знаеш и ќе почувствуваш дека те води. И дека тоа е твојот пат. А тоа е толку себеисполнувачко искуство, толку длабоко и неверојатно чувство, кој ти дава толку сила што ништо повеќе нема да ти биде потребно...

Затоа, само чекори. Земи си ја слободата да бидеш слободен. Со умот, духот и телото. Колку и да можеш. Слободен за да го правиш она што чувствуваш дека треба да го правиш. А не она што мораш по секоја цена. Што и да мораш да направиш, секогаш можеш да најдеш подобар начин на кој ќе го гледаш тоа. Зошто правиш нешто и што ти носи тоа? Повторно слободата на изборот на мисли која е непроценлива. 

Затоа, избирај ја слободата. Во овој миг сега. Слободата во главата, без воопшто да се помрднеш од место, ако не можеш во моментот. Ослободите од оковите на своите мисли и уверувања, старите шаблони... И искорни ги ланците со кои толку долго си бил заробен. А кои можеби никој не ги гледа, само ти ги чувствуваш. Толку цврсти што можеби и пуштиле корени во тебе. Но, тие не се вистински дел од тебе. И имаш право да се ослободиш од нив. И го заслужуваш тоа. Целосно.

Затоа што животот секако ќе помине. А што ќе ти е, ако воопшто не си го ни живеел?

~ Ива Брадариќ