Слободата доаѓа со спознанието дека не мора да правите ништо

Најголемото ослободување се случува кога ќе сфатите дека ништо не мора да правите. Не мора да се докажувате, да потврдувате дека вредите, да освојувате, другите да бидат во право, да се плашите од мислењето на другите.

Сега знаете што ви годи, па затоа правете го тоа почесто. Сега веќе знаете колку можете, па не се форсирајте преку тие граници. Затоа што ниту морате, ниту можете, ниту пак некој ќе ви каже „Благодарам“.

И тоа „Благодарам“ не треба да го каже никој освен вас.

Кога навечер ќе легнете во кревет и ќе затворите очи и ќе се заблагодарите на себеси, затоа што тој ден доволно сте се сакале, чувале и грижеле за себеси и сите си ги почитувале границите на сопствените можности. И не сте си легнале преуморни и незадоволни, истоштени од безбројните обврски кои самите сте си ги наметнале. 

„Во животот очигледно повеќе нема брзање. Фино, полека, умерено... што подолго да бидеме добри и корисни и за себеси и за другите.“