Следува пороен дожд, ветар и грмежи

На Балканот му се заканува невреме со многу дожд и ветар. Метеоролозите предупредуваат дека попладнево ќе настане значителна промена на временската состојба а центарот на промената се очекува да биде во соседна Србија.

- Предупредување: Според „Estofex“ во следните часови локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град - Внимание! - напиша на својот ФБ-профил метеорологот Славчо Попоски.