Следува период на променливо и нестабилно време - најави за дожд, грмежи и силен ветер

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најави период на променливо и нестабилно време.

-Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер, соопшти УХМР.

Според најавите, особено во понеделник и вторник ќе дува засилен до силен ветер, кој на одредени места ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час.

За денеска од УХМР споделија карта со метео аларм за врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и појава на грмежи.