Следува недела на рускиот филм - “Надвор од границите на реалноста” со актерот Антонио Бандерас на репертоар во кината

Во мај македонските љубители на седмата уметност ги очекуваат атрактивни филмски проекции кои сигурно ќе го привлечат нивното внимание и со жанрот и со темата, па така еден од филмовите со кои стартува неделата по празникот е рускиот филм “Надвор од границите на реалноста” (Beyond the Edge) со познатиот холивудски актер Антонио Бандерас во главната улога.

Покрај него во филмот игра и атрактивниот српски актер Милан Биковиќ, кој на македонската публика и е познат по една од главните улоги во српскиот филм и серија “Монтевидео” на Драган Бјелогрлиќ.

Филмот зборува за современа Москва, во која талентиран коцкар составува тим од луѓе со натприродни моќи како би освоил голема добивка во казино. Но, работите се компликуваат, кога ќе наидат на многу силен мистичен ривал… Филмот е на репертоарот на градските кина веќе од 3 мај, кога ќе може да се погледне и акциона драма “Последна желба” (Death Wish) со Брус Вилис во главна улога. Тој го глуми хирургот Пол Керси кој ги гледа последиците од нападот во неговиот град, се додека не ги донесат неговата сопруга (Елизабет Шу) и неговата ќерка (Камила Мороне) во брзата помош, кои биле нападнати во нивниот приградски дом. Додека полицијата е преокупирана со решавање на криминалот, Пол самиот ја бара правдата…

Истиот ден почнува прикажувањето и на двата анимирани филма наменети за децата, данскиот “Неверојатната приказна за џиновската круша” ((The Incredible Story of the Giant Pear) и “Украдена принцеза” (Stolen princess), прекрасна приказна која се случува во ерата на храбри витези, убави принцези и борби со волшебници.

Првиот анимиран филм раскажува за животот во Санитаун убав и мирен град се додека еден ден Мичо и Себастијан не најдат порака во шише на пристаништето. Шишето е од исчезнатиот градоначалник на Санитаун со порака дека е на мистериозен остров и направил големо откритие. Сега тие мора да тргнат на опасно патување за да го спасат градоначалникот…

Уште еден руски филм е на репертоарот на градските кина во мај, па така атрактивниот српски актер Милан Биковиќ ќе можеме да го видиме и во филмот “Мраз (Ice) -10 април, приказна која се случува во современа Русија. Главниот лик Надја се откажа од сонот да стане шампион во уметничко лизгање откога ќе се повреди. Но, тогаш таа се сретнува со Саша, хокеј играч, кој одлучува да ја научи повторно да верува во себе и во својот сон … Второто продолжение на добропознатиот акционен херој Дедпул ќе мжое да се види на 17 мај, додека на 24 мај на репертоарот се два филма, хоророт “Лошиот Самарјанин” (Bad Samaritan) и авантуристичкиот “Мисија Катманду” (Mission Kathmandu: The Adventures of Nelly amp; Simon).