Следува богат спортски викенд во Кисела Вода

Во сабота и недела во спортската сала „Независна Македонија“, девојките од ЖКК Бадел 1862 од Кисела Вода ќе одиграат три кошаркарски натпревари.

Имено, во рамки на второто коло од првата лига - жени, сениорската екипа на ЖКК Бадел 1862 ќе игра против екипата на ЖКК Гостивар. Натпреварот ќе се одигра во сабота со почеток во 15:00 часот. Истиот ден во рамки на првото коло од јуниорската лига М16 со почеток во 13:00 часот ЖКК Бадел 1862 ќе и се спротивстави на екипата на ЖКК Спортисимо од Гостивар.

Додека, во недела во рамките на првото коло од младинската лига М18, со почеток во 13:00 девојките од ЖКК Бадел силите на теренот ќе ги одмерат со екипата на ЖКК Вардар. За посетителите влезот на овие натпревари е бесплатен.