Следните три дена во Скопје ќе се прска против возрасни форми на комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во деновите денес до сабота, во периодот од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден, ќе врши терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Оттаму ги известуваат и пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.