Следниот празник за македонските граѓани е и продолжен викенд!

Веќе е почната сезоната на летните одмори и повеќето граѓани веќе имаат испланирано и резервирано каде ќе го поминат својот одмор летово.

Сепак, има и такви кои ќе чекаат некој продолжен викенд за да спојат со уште некој ден плус, за да фатат кратко бегство од жештините и градскиот асфалт. Но кога ќе можат најрано да го направат тоа?

Во јули месец, нема ниту еден празник, па затоа, следен празник, а воедно и продолжен викенд е 2-ри август (Илинден), а бидејќи датумот паѓа во недела, празникот се префрла за понеделникот, односно неработен ќе биде 3-ти август.

Христијанските верници од православна вероисповед ќе имаат уште еден продолжен викенд следниот месец. Празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) кој се празнува на 28 август се паѓа во петок.