Веќе задутре, во понеделник, започнува да се гради мега парк со плоштад во скопско Радишани. Ова го најави градоначалникот на Бутел Дарко Костовски.
Паркот ќе се протега на 10 000 м2, од кои 6000 м2 ќе бидат зелена површина, 4000 м2 плоштад и мега детско игралиште.
- Проект вреден 20 милиони денари, средства од владата на Република Македонија. Проектна документација и визија на општина Бутел. Наскоро ќе презентираме 3Д анимација. Започнува најголемата градежна офанзива во историјата на Бутел, најави Костовски.