Следната недела одлука за Клиничкиот Центар во Скопје

До крајот на оваа или почетокот на следната недела ќе се знае одлуката на Владата за изградба на клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. 

Министерот за здравство, Венко Филипче, наредните денови ќе се состане со премиерот Зоран Заев, за прашањето дали новите објекти на Клиниките ќе се градат во истата локација или ќе се дислоцираат. 

Исто така, тој најави и борба против корупцијата во здравството.