
Градот Скопје известува во понеделник ќе започне реализацијата на терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.
Од таму посочија дека терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се врши од понеделник до четврток, од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.
Исто така, се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.