Следната есен оглас за субвенции за плински уреди во автомобилите

Од следната година ќе почне субвенционирањето за вградување плински уреди во автомобилите, најави министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој посочи дека огласот ќе биде објавен есента и оти висината на сумата ќе се определува речиси како и кај останатите мерки за енергетска ефикасност, односно ќе се субвенционираат околу 50 проценти од трошоците за поставување на вакви уреди.

– Моментално работиме да се овозможат што повеќе средства за таа намена. Откако како Министерство ќе бидеме подготвени со сите подзаконски акти, тогаш предвидуваме некаде над три милиони евра за таа мерка. Во образложението на законот е предвидено дека секоја година ќе ги зголемуваме средствата за таа намена, рече Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција. 

cheap nike free run 5.0