Славјанка Петровска бара веднаш да бидат донесени Уставните измени

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска бара веднаш да бидат донесени Уставните измени. Таа на денешната прес-конференција кажа дека пораките на претседателката Фон Дер Лајен за тоа што Република Македонија треба да направи за пристапувањето кон Европската Унија биле многу јасни.

„Република Макеоднија има шанса да ги започне преговорите, да ги отвори поглавјата и да го забрза патот кон пристапување на Европската унија. Јас очекувам дека во извештајот и во она што комисијата ќе го презентира ќе биде дадена насока на она што е реалноста и покрај тоа што ќе следуваат изјави дека сите ние имаме заложба да направиме нешто. И навистина е важно да направиме важен исчекор во пристапувањето кон Европската Унија. И по посетата на претседателката на комисијата Фон дер Лајен, јасно беше што Македонија треба да направи во тој процес“, рече Петровска.