Претседателот на советот на Град Скопје, Трајко Славевски на социјалната мрежа „Икс“ информираше дека вчера се одржа седница која беше посветена на колапсот со јавниот автобуски превоз во Скопје. Како што вели Славески членовите на советот укаже на низа неправилности во работењето на ова јавно претпријатије.
„Совет на град Скоје на 21 ноември во вечерните часови одржа итна вонредна седница, петнаесетта по ред на овој состав во изминатите три години, посветена на колапсот со јавниот автобуски градски превоз во главниот град. Членовите на Совет од сите советнички групи беа на висината на задачата. Низ конструктивна двочасовна расправа укажаа на низата недостатоци во секојдневното работење на ЈСП-Скопје во изминатиот период и проблемите со кои се соочува претпријатието во обезбедувањето на витална функција за граѓаните на Скопје и сите останати кои на дневна уснова користат јавен автобуски превоз. По завршувањето на расправата со консензус беа формулирани заклучоци кои беа усвоени од страна на огромното мнозинство од присутните“, напиша Славески.
Тој посочи дека советниците ја поздравиле соработката на градот и Владата во решавањето на акутниот проблем со снабдување со гориво за автобусите на ЈСП преку позајмица од стоковите резерви, во траење од 7 дена, додека ЈСП низ законска процедура, одобрена од Биро за јавни набавки, не склучи договор за снабдување со гориво во наредниот период.
РЕШЕН АКУТЕН ПРОБЛЕМ СО ЈАВНИОТ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ
Како што најавив претходно, Совет на град Скоје на 21 ноември во вечерните часови одржа итна вонредна седница, петнаесетта по ред на овој состав во изминатите три години, посветена на колапсот со јавниот автобуски… pic.twitter.com/qt0xZtDrWA
— Trajko Slaveski (@TSlaveski) November 22, 2024